Обединетите Нации предупредуваат за Источна Африка

Обединетите Нации денеска предупредија дека околу 750 илјади луѓе може да умрат од глад во наредниве 4 месеци во Источна Африка поради најголемата суша што го зафатила регионот во последните 60 години. Во соопштението е наведено дека по стотици луѓе умираат дневно од кои половина се деца. Обединетите Нации официјално прогласија глад во јужниот дел на Сомалија, кој е воглавно контролиран од радикалната исламистичка група Ал Шабаб. Десетици илјади Сомалијци ја напуштија земјата во потрага по помош. Во продолжение на соопштението е наведено дека на 12 милиони луѓе од околните земји Кенија, Уганда, Етиопија и Еритеја имаат потреба од хуманитарна помош во храна.