Преставници на бунтовничката влада пристигнаа во Триполи

Libya -- Libyan rebels Transitional National Council chairman Mustafa Abdel Jalil gives a press conference in Benghazi, 25Aug2011

Преставници на либиската бунтовничка влада пристигнаа во Триполи во намера да ја стабилизраат ситуацијата додека лојалистите на Моамер Гадафи и натаму даваат отпор во делови на градот.
Министерот за нафта во Националниот Транзициски Совет Али ал Тархуни пристигнувањето го опиша како историски момент.
Над 40 земји во светот досега го признаа Преодниот Национален Совет на Либија, а ОН одобрија 1,5 милијарди долари помош за Либија за хуманитарни цели.