Медведев: содржински разговори со Ким Џонг Ил

Ким Џонг Ил, Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска одржа разговори со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ил. Медведев оцени дека тие биле отворени и содржински. На разговорите кои се водеа во воена база во близина на Улан Уде, главниот град на регионот Бурjaтија, според Медведев, бил поддржан предлогот на Москва за изградба на гасовод низ севернокорејската територија. Севернокорејскиот лидер исто така изразил подготвеност и за продолжување на стопираните шестпартитни разговори за контроверзната нуклеарна програма на Северна Кореа. Ким во саботата со специјален воз пристигна во Русија.