Ослободени македонските новинари кои беа приведени во Грција

Новинариите на дневниот весник Вест, Милена Ѓоргиевска, и на Канал 5 Горан Момироски кои денеска беа приведени од грчката полиција во Лерин додека извршувале професионална задача, по едно ипол часовен распит, попладнево се ослободени.

Тие беа приведени под сомнение за неовластено снимање во јавна институција, откако ги пријавила службеничка во матичната служба во Лерин. Ѓоргиевска и Момировски во Грција известуваа од прославата на Богородица на Македонците во селото Неред, Леринско