БиХ- Земјоделци блокираа четири гранични премини со Хрватска

протест на земјоделците во Сараево

Стотици земјоделци ги блокираа четирите главни гранични премини на Босна и Херцеговина со Хрватска, барајќи од Владата да им го исплати остатокот на субвенциите за 2010 година и изразувајќи го своето незадоволство од планот за распределба на субвенциите за 2011 годинa.
Блокирани се граничните премини Дољани, Изачиќ, Каменско и Орашје Станува збор за гранични премини, кои се широко употребувани за меѓународна трговија, вклучувајќи и камиони.
Околу 200 земјоделци се собраа во Сараево, пред центарот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговија, каде во моментов има средба на нивни претставници со членови на Владата.