Ксинхуа: Стоп за кавгите меѓу демократите и републиканците во САД

Американскиот Сенат.

Демократите и републиканците во Вашингтон треба да престанат да се обвинуваат едни со други за намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата и да најдат решение, пишува кинеската новинската агенција Ксинхуа.

„Разочарувачки е тоа што наместо да седнат и да ги надминат проблемите, да најдат начин за соработка, демократите и републиканците се прашуваат кој е виновен за одлуката за промена на кредитна способност и се обвинуваат едни со други. Време е непослушните момчиња од Вашингтон да престанат да се расправаат кој е крив, пред да предизвикаат поголема штета“, пишува државната кинеска новинска агенција.