Обединетите нации денеска прогласија состојба на глад во уште три нови региони во Сомалија. Од одделот за храна и земјоделство при ОН велат дека состојбата најверојатно ќе се прошири во сите региони на југот од Сомалија во наредните 4-6 недели. Според податоците на ОН 3,7 милиони луѓе се погодени од глад во Сомалија, што преставува речиси половина од вкупното население.