Авганистанските сили од сега одговорни за областа Херат

Од денешната церемонија на предавање на контролата

Преставниците на НАТО денеска ја предадоа контролата на безбедноста во областа Херат на авганистанските безбедносни сили. Херат е четвртата од седумте области кои се избрани да се направи предавање на контролата . Критичарите на планот, да се повлечат странски војници од Авганистан до крајот на 2014 година, велат дека повлекувањето е политички мотивирано и не ги одразува способностите на авганистанските сили да се грижат за безбедноста.