Жестока расправа за Хашките случаи во Собрание

собрание дебата

Автентичното толкување на Законот за амнестија со кој престанува секакво гонење на четирите хашки случаи, предизвика жестоко расправа во Собранието. СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат со политички инструмент да ги избришат злосторствата и да ги наградат злосторниците.
Претседателката на законодавно правната комисија, Благородна Дулиќ, која доаѓа од редовите на владејачката партија, рече дека е време за помирување на страните и ставање крај на конфликтите .
ДУИ побара СДСМ да нема предрасуди и да не ќарува политички поени бидејќи, граѓаните не ги познаваат како патриоти.
Пратениците од ДПА и од Националната Демократска Преродба го поддржаа затворањето на хашките случаи преку автентично толкување на законот за амнестија. Како хашки случаи се водат - Водство на ОНА, Липковска брана, Мавровски работници и 12 –темина исчезнати во Тетовско.
Додека трае расправата, пред Собранието чекаат роднините на исчезнатите од Непроштено. На нив не им беше дозволено да влезат во Собранието.