Бензините и дизелот поскапуваат од полноќ

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат од три до 3,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изминатите 2 недели изнесуваше 116,399 долари за барел и е за 6,33 отсто повисока од просечната цена на суровата нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.