Санадер ќе добива пратеничка плата иако е во затвор

Одборот за избор, на Хрватскиот сабор денеска едногласно донесе одлука со која поранешниот премиер Иво Санадер од 1 јуни годинава ќе добива плата како пратеник, иако се наоѓа во екстрадицискиот затвор во Австрија.
Санадер го активира пратеничкиот мандат есеноска и ќе добива „обична“ пратеничка плата од околу 16.000 куни (2.171 евра), бидејќи не е шеф на ниту еден одбор, а не е ниту во раководството на Саборот.
Санадер на 16 јуни побара активирање на работниот однос во Саборот и побара пратеничка плата бидејќи на крајот од мај му престана работниот однос во компанијата „Алица Советување“.
Санадер може да добива пратеничка плата се додека не биде правосилно осуден. Тој е обвинет за злоупотреба на службената должност