Уапсен 19-годишен британски хакер

Интернет-страната на ЦИА не можеше да се отвори по хакерскиот напад на 15 јуни 2011.

Британската полиција соопшти дека уапсила 19-годишник осомничен за компјутерски напади врз американски интернет страни, меѓу кои и ЦИА, американскиот Сенат и корпорацијата Сони. Не се соопштува идентитетот на уапсениот, ниту дали тој е поврзан со хакерската група Лулз секјурити, која ја презеде одговорноста за нападите. Групата Лулз секјурити на Твитер објави дека уапсениот не е водач на нивната група, но оти користела еден од неговите сервери.