Грција-најмалку 7 повредени на протестите во Атина

Протести во Атина

Најмалку 7 луѓе се повредени, меѓу кои и еден полицаец, во денешните судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина. Демонстрантите протестираат пред Парламентот во Атина поради новиот пакет економски мерки на владата. На протестите имало повеќе од 20 илјади луѓе. Кога некои од нив се обиделе да ги тргнат металните бариери и фрлале со камења, полицијата одговорила со солазавец да ги растера. Протести имало и во Тесалоники. Во меѓувреме јавниот и приватниот сектор се приклучи на 24 часовен штрајк. Премиерот Јоргос Папанреу мора да ги зголеми даноците, да ги намали расходите и да го продаде државниот имот, за да добие помош од ЕУ и ММФ. По средбата со претседателот Карлос Папуљас Папандеу изјави дека за иднината на земјата во овој важен и критичен момент е важно да постои национален консензус.