Генерален штрајк во Грција

Денеска во Грција ќе биде одржан 24-часовен генерален штрајк, организиран од синдикатите во знак на протест поради новите драстични економски мерки на Владата. Во штрајкот ќе учествуваат вработените во транспортот, аеродромите, пристаништата, медиумите, банките, државните болници, државниот пензиско-осигурителен фонд, Националното електростопанство, телекомот и водоводот. Синдикатите протестираат и против плановите на Владата за брза продажба на државната сопственост во вкупна вредност од 50 милијарди евра, кои Грците треба да ги обезбедат до 2015 година по барање на кредиторите од ЕУ, Европската централна банка и ММФ, со цел да бидат вратени долговите.