Отфрлена жалбата на Санадер за мерката притвор

Иво Санадер

Врховниот земски суд во Линц, Австрија, ја отфрли жалбата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер на мерката притвор. Адвокатот на Санадер во Австрија Вернер Зупан изјави дека сега размислува за жалба до австрискиот Врховен суд, во која би се повикал на основните човекови права на неговиот штитеник. Според оваа одлука, Санадер ќе ја чека во притвор расправата на Советот на Врховниот земски суд во Линц на 21 овој месец за негово израчување на Хрватска, која го товари за злоупотреба на позицијата на овластувањата во повеќе случаи.