Тадиќ-Србија го одржа зборот, сега на ред е ЕУ

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Србија со апсењето на Ратко Младиќ докажа дека го одржа зборот, сега Европската унија траба да го докаже истото, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Брисел. Тој изјави дека апсењето на Младиќ било морална обврска на Србија, но и услов за интеграцијата во ЕУ. Денеска можеме да ја погледнеме ЕУ во очи, и да кажеме дека тоа го направиме, може ли истото да го стори и ЕУ, рече Тадиќ.
Тој нагласи дека Србија е подготвена и оти има капацитети да одигра клучна улога во решавањето на сите проблеми во регионот, вклучувајќи го и косовското прашање.