Протест против полициска бруталност во Скопје

Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи, вечерва протестираат против полициската бруталност во Скопје. Повод за протестот е смртта на 23-годишно момче, за кое, очевидци тврдат дека синоќа било претепано до смрт од цивили, за кои се сомневаат дека се припадници на полициската единица „Алфа“.

Демонстрантите извикуваат „Алфи - убијци“ и „Кој го уби Даниел?“. Тие бараат распуштање на единицата „Алфа“. Протестната поворка од плоштадот Македонија се префрли пред полициската станица Беко, а во моментов протестира пред Собранието. Демонстраните велат дека нема да заминат додека не добијат одговор за смртта на момчето.

Полицијата денеска изјави дека вчера е констатирана смрт кај 23-годишно момче, но оти немало траги на насилство.