Србија ќе побара нов заем од ММФ

Србија и делегација на Меѓународниот монетарен фонд денеска почнаа разговори за нов заем, соопшти српската централна банка. За заемот ќе се разговара со претставници на фондот кој се во посета на Белград. Гувернерот на српската централна банка Дејан Шошкиќ неодамна најави дека постои можност Србија до средината на 2011 година да склучи спогодба за нов кредит од ММФ. Според него, станува збор за двегодишен заем, што нема да се повлекува, освен во случај на непредвидливи потреси на пазарот.