Препукувања околу изборните програми

Се` што пишува во „Манифестот за реформи и развој” на ВМРО-ДПМНЕ е точно пресметано, изанализирано, испроектирано и апсолутно остварливо, изјави премиерот Никола Груевски. Според него, за работата на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат делата. Тие се гаранција дека она што партијата и сега го ветува, ќе го реализира. Потпретседателот на СДСМ и портпарол на ибзорниот штаб на партијата Гордан Георгиев, на прес-конференција оцени дека Манифестот за реформи и развој на ВМРО-ДПМНЕ е ново пакување на стари неисполнети ветувања, но овој пат со нови рокови. Тој и со критики до премиерот Никола Груевски дека на вчерашната промоција на изборната програма, искажал „куп лаги и клевети врз СДСМ“. Ги отфрли неговите забелешки дека СДСМ ќе ја компромитирал нивната програма, а потоа ќе ја препишувал. ЛДП, пак, обвини дека „Манифестот за реформи и развој“ на ВМРО-ДПМНЕ е плагијат на нивната програма „Има излез“.