Осама бин Ладен бил вмешан во конфликтите на Балканот ?

Осама бин Ладен во текот на 90-те години престојувал во Австрија, при што во земјата допатувал со пасош издаден легалоно од властите на Босна и Херцеговина, тврди виенскиот весник „Естерајх“. Медиумот наведува и дека основачот на Ал Каеда се борел во Босна и Херцеговина за време на војната во оваа поранешна југословенска република и оти постојат докази дека во 1993 година тој престојувал во Сараево. Тогашното дејствување на Бин Ладен, Западот го одобруваше со премолчување, наведува весникот и додава дека со знаење на САД, тој на тогашниот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ му префрлил „до половина милијарда долари“ преку хуманитарната организација „Агенција за помош на третиот свет“, со кои е формирана фундаменталистичката муслиманска гарда во Босна.