НАТО не може да потврди цивилни жртви во нападот во Брега

НАТО соопшти дека не може да потврди дека цивили загинале во еден од воздушните напади на Алијансата во градот Брега. Во соопштението се изразува жалење за, како што е наведено „загуба на животи на невини луѓе“, доколку тоа се случило. Во документот издаден во Брисел, пишува дека мети на нападот биле центри за комада и контрола. Инаку, Либијската влада денеска ја обвини Алијансата за убиство на 11 цивили кои, како што соопшти, се собрале на молитва во нападнатата зграда.