Претставникот на Преодниот национален совет на Либија, Махмуд Џибрил ги повика САД да му одадат признание на раководството на опозицијата во земјата. Запрашан што очекува од денешните разговори со американската администрација Џибрил изјави дека им е потребно САД да им дозволат пристап до замрзнатите активи на режимот на Моамер Гадафи, бидејќи бунтовниците во Бенгази се наоѓаат во финансиска криза.