Најмалку 70 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Во бомбашки напад чија цел била паравоена академија во северозападниот дел на Пакистан загинаа најмалку 70 а се ранети над 100 лица.
Локалната полиција сооопшти дека голем дел од жртвите биле регрути од тренинг центарот на академијата во покраината Шарсада. Oдговорност за нападот ја презедоа пакистанските талибанци во знак за одмазда за убиството на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Тие најавија уште поголеми напади.