Бин Ладен бил за нов терористички напад врз САД

Лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен калкулирал колку американци би требало да бидат убиени за да ги натера Соединетите држави да се повлечат од Блискиот Исток. Тоа, според американските разузнавачи, пишувало во неговите белешки откриени во засолништето во Пакистан каде што американските сили го убија пред неколку денови. Во белешките се наведува дека Бин Ладен им сугерирал на приврзаниците дека само со голем терористички напад како оној на 11 септември 2001 година би ги натерало Соединетите држави да ја преразгледаат својата политика во регионот.