Републиканецот Гингрич кандидат за претседател на САД

Њут Гингрич

Републиканецот Њут Гингрич, поранешен спикер на Претставничкиот дом, објави дека ќе влезе во трката за претседател на САД догодина. 67 годишниот Гингрич е најпознатиот републиканец што досега се пријавил како претседателски кандидат. Претходно тоа го сторија поранешниот гуверенер на Масачусетс Мит Ромни, поранешниот гувернер на Аљаска Сара Пејлин и мултимилионерот Доналд Трамп. Претседателот Барак Обама во март соопшти дека повторно ќе се кандидира на таа функција.