Мир или иста судбина како Осама бин Ладен - Авганистан ги предупреди талибанците

Авганистанската влада ги повика талибанските милитанти да се вклучат во мировните преговори, предупредувајќи дека во спротивно ќе ги снајде истата судбина како Осама бин Ладен, кој беше убиен минатата недела. На отворањето на дводневна конференција за дискутирање на мировните напори, потпретседателот на Авганистан Мохамед Карим Калили рече дека дијалогот е можност за талибанците да го прифатат мирот. На настанот присуствуваат претставници на власта и на дипломатскиот кор.