Експлозија во Триполи по нападите на НАТО

Силна експлозија одекнала ноќеска во Триполи како веројатна последица на бомбардирањата на НАТО врз владини објекти, меѓу кои и седиштето на Моамер Гадафи. Авионите на НАТО бомбардирале и 4 други места и позиции во и околу Триполи.
Нападите се интензивираа по изјавата на генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен дека времето на Гадафи истекува.