Пакистанскиот парламент за убиството на Бин Ладен

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани денеска ќе му се обрати на парламентот во врска со минатонеделната акција на американските командоси во Пакистан кога бил убиен лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Вчера американскиот претседател Барак Обама изјави дека Бин Ладен имал своевидна мрежа на поддршка во Пакистан. Обама додаде дека одговорот на ова прашање треба да го даде истрагата што ќе биде спроведена од Соединетите држави и Пакистан.