Обама: Бин Ладен има мрежа за подршка во Пакистан

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека Бин Ладен има некој вид мрежа за подршка во Пакистан.Зборувајќи за американската телевизија Си Би Ес тој рече дека САД бараат натамошна истрага за да ги утврдат фактите, додавајќи дека уште поважно е дека пакистанската влада мора да спроведе истрага.Тој ова го кажа откако Бин Ладен беше убиен од американските специјалци недалеку од Исламабад.