Најмалку тринаесетмина високорангирани државни службенјици во Јемен си поднесоа оставки и се придружија кон движењето на опозицијата, јавија западните медиуми. Преку протестите кои деновиве избиваат во главниот град Сана се бара оставка на претседателот Али Абдула Салех, кој е на лидерската позиција повеќе од 30 години. По информациите дека воени лица преминале на страната на демонстрантите, властите реагираа поставувајки тенкови и армирани возила. За сега не се знае кој ја има командата, бидејки Генерал – Мајор Али Мохсен, досегашниот командант на првата вооружена дивизија, денеска на медиумите во Сана им изјави дека преминал на страна на демонстрантите.
Претставници на власта во Јемен преминуваат на страна на демонстрантите
Генерал – Мајор Али Мохсен, досегашниот командант на првата вооружена дивизија