Деветмина се уапсени под обвиненија за воени злосторства, соопшти денеска мисијата на ЕУЛЕКС во Косово. Во соопштението се додава дека косовската полиција ја надгледувала операцијата, во која била вклучена и Канцеларијата на косовскиот специјален обвинител. Обвиненијата за осуммината осомничени уапсени во земјата и едно лице уапсено во странство датираат од војната во регионот во 1999 година. За сега не се соопштува идентитетот на уапсените.