Средба на Груевски со израелскиот министер за стратешки прашања

Никола Груевски

На денешната средба на премиерот Груевски со министерот за стратешки прашања на Израел Моше Јалон, стана збор за досегашниот развој на билатералните односи меѓу двете земји кои, како што било заклучено, ги карактеризира висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање. Јалон, рекол дека отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје високо се цени и дека ќе има големо значење за понатамошно продлабочување на билатералните односи.