Жителите на Естонија гласаат на избори

Жителите на Естонија имаат можност до 18 часот денеска да гласаат на првите парламентарни избори од влезот на земјата во еврозоната. За сега нема извештаи за изборни нерегуларности. Десничарската коалиција на чело со премиерот Андрус Ансип и понатаму е фаворит за победник. Актуелната власт воведе строг финансиски режим во земјтата, со што Естонија стана 17-та земја која го воведе еврото во Јануари. Најголемата опозициска партија се соочува со обвиненија за барање пари од Русија.