Германското обвинителство најави спроведување на истрага за обвинувањата за плагијат против поранешниот министер за одбрана Карл Теодор Цу Гутенберг, попознат во германските медиуми како „Цу-Гуглберг“ или „Баронот копи – пејст“. Тој денеска беше ослободен од должноста министер, откако си поднесе оставка. Гутенберг е обвинет за препишување на голем дел од неговата докторска дизертација без наведување на изворите на информации. Доколку се проглси за виновен, екс- министерот се соочува со можни парични казни или казна затвор.