СЕ -да бидат казнети одговорните за насилствата во Тирана

Протестите од Тирана

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг денеска изјави дека одговорните за насилствата на протестите во Тирана на 21 јануари трба да одговараат за нивните дела. Хамарберг побара да се спроведе продлабочена, непристрасна и веродостојна истрага за кршењето на човековите права за да се избегне појава на насилство на политичките протести во иднина.
Хамберг изјави и дека е погоден од длабоката поделба на политичката класа во земјата и според него двата политички блока имаат различни верзии за настаните.