ОН бараат меѓународна истрага за насилството во Либија

Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај

Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај денеска повика да се спроведе меѓународна истрага за насилството на властите на протестите во Либија. Пилај која претходно беше судија за воени злосторства ги осуди извештаите за насилството и предупреди дека систематските напади против цивилиното население можат да биде еднакво на злосторство против човештвото.
Сведоците и опозиционите групи соопштија дека силите кои се лојални на либискиот претседател Моамер Гадафи убиле стотици луѓе.