Иванов ќе се сретне со Кукан

Едуард Кукан

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се сретне со европратеникот и коизвестувач за Македонија во Европскиот Парламент Едуард Кукан, кој вчера разговараше со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Според европратеникот, Македонија ќе добие датум за преговори со Европската унија по решавањето на спорот со името со соседна Грција.