Министерот Милошоски на средба со перуанскиот колега Белаунде

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе се сретне со неговиот перуански колега Хозе Антонио Гарсија Белаунде. Милошоски на средбата се очекува да разговара за билатералните политички односи меѓу двете земји. Министерот кој е во дводневна посета на Перу ќе се сретне и со претседателот на Конгерсот Цезар Зумаета, како и со членовите на Конгресот и со претседателот на здружението на извозници Хозе Луис Силва Мартинот.