Красниќи старо-нов претседател на косовскиот Парламент

Јакуп Красниќи

За Претседател на новиот косовски Парламент денеска е избран генералниот секретар на Демократската партија на Косово Јакуп Красниќи. Тој е избран со подршка на партиите од новата косовска влада, како и од осум пратеници на Самостојната либерална партија и Српската социјалдемократска партија на Косово. Тоа ќе му биде втор мандат на Красниќи на функцијата.