Ирански дипломат и се придружил на опозицијата

Ахмад Малеки

Иранската опозициона група Зеленото движење соопшти дека иранскиот дипломат Ахмад Малеки ја напуштил својата дипломатска функција за да работи со опозициското движење во Франција. Малеки кој е внук на реформаторот и опозицискиот лидер Ајатолахот Мехди Каруби наводно поднел оставка од функцијата во иранскиот конзулат во Милано во саботата. Малеки е четвртиот ирански дипломат кој и се придружи на опозицијата.