Кина загрижена од социјални немири

Шефот на внатрешната безбедност во Кина Жу Јонгканг изјави дека владата мора да најде нови начини за намалување на можноста од немири во општество во кое брзо се менува социјалниот карактер. До неговите коментари дојде откако полицијата вчера разбила неколку помали собири на луѓе во Пекинг и во Шангај.