Демонстрантите контролираат некои бази во Либија

Саиф ал Ислам Гадафи

Синот на либискиот лидер Моамер ел Гадафи потврди дека демонстрантите ја презеле контролата врз некои воени бази, оружје и тенкови. Во своето ТВ обраќање Саиф ал Ислам Гадафи предупреди од можност за граѓанска војна во таа земја. Протестите вчера се проширија од источниот дел кон главниот град Триполи, каде што безбедносните сили против демонстрантите употребија солзавец и боева муниција. Во насилствата во последните пет дена загинаа 200 лица. Демонстрантите бараат крај на владеењето на Гадафи по повеќе од четири децении.