Карзаи: во операции на НАТО загинале 50 цивили

Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека во операции на НАТО во источниот дел на Авганистан биле убиени 50 цивили. Неговата изјава доаѓа откако и друг официјален претствник на таа земја изјави дека НАТО трупите убиле 63 лица меѓу кои и цивили, вклучително жени и деца. Претходно НАТО најави дека ќе ги истражи таквите наводи.