Тепачка меѓу косовски имигранти во Лондон

Плоштадот Трафалгар

На најголемиот лондонски плоштад Трафалгар избила тепачка меѓу четиринаестина луѓе, повеќето имигранти од Косово, соопшти Скотланд Јард. Според извештаите три лица биле тешко повредени од убоди од ладно оружје. Сведоците инцидентот го опишуваат како хорор на Трафалгар, кој трааел околу еден час. Меѓу уапсените има и лица на возраст од 13 и 19 години. Полицијата по сослушувањето утврдила дека се работи за две спротиставени групи.