Иран за ослободување на 2 германски новинари бара 50 илјади долари

Маркус Хелвиг и Јенс Кош

Двајцата германски новинари кои беа уапсени во Иран ќе бидат ослободени во замена за 50 илјади долари. Новинската агенција ИСНА објави дека иранскиот суд првично ги осуди Маркус Хелвиг и Јенс Кош на 20 дена затвор, но потоа ја промени одлуката.
Новинарите работат за Билд ам Зонтаг и беа уапсени во октомври во градот Табриз, поради тоа што го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштријани, кој беше осудена на смртна казна поради неверство.