Друцас: „Име со географска одредница за севкупна употреба“

Друцас и Милошоски

Грција има воља за решавање на спорот со името и грчката позиција е позната - тоа е име со географска одредница за севкупна употреба.
Ова бил ставот кој синоќа на Генералниот Секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун му го искажал шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Како што јавува агенцијата АНА-МПА, кипарското прашање било доминантно на средбата на Друцас со првиот човек на светската организација.