Народниот правобранител против етничката нетолеранција

Народниот правобранител Иџет Мемети апелира до сите политички субјекти, институции, граѓанското општество и граѓаните, да се воздржат од какви било активности што создаваат нетолеранција, а особено говор на омраза и можат да предизвикаат тензии и судири помеѓу различни етнички заедници и претставници на различни верски групи.
Следејќи го последниот настан на Скопското Кале, каде дојде до судир помеѓу граѓани од двете најбројни етнички заедници во земјата, како и појавите на делби по разни основи, ја изразувам својата загриженост за се почестото манифестирање нетрпеливост, особено на национална и верска основа, се вели во денешното соопштение од Канцеларијата на Народниот правобранител.