Во Техеран се бара егзекуција на опозициски лидери


Илјадници подржувачи на владата, денеска за време на петочната молитва во Техеран, извикуваа слогани за егзекуција на иранските опозициони лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби. Попладне се очекуваат и демонстрации низ Техеран со истото барање. Мусави и Каруби се во домашен притвор и веројатно ќе биде покренат судски процес против нив.