Во експлозија на автомобил бомба во Ирак-13 загинати
Ирачките власти соопштија дека најмалку 13 лица загинале, а околу 35 биле повредени при експлозија на автомобил бомба во градот Мукдадија. Експлозијата се случила на саем за автомобили во градот, кој се наоѓа североисточно од Багдад.