Вебстраните поврзани со иранските опозициони групи постирале повици за одржување на протести во недела за одбележување на смртта на двајцата загинати при анти-владините протести во Техеран неделава. Советот за координација на Зеленото движење за надеж го објави соопштението на веб страната на опоицискиот лидер Мир Хосеин Мусави и на уште еден опозициски сајт. Советот беше една од организациите кои повикаа и на протестите во понеделникот за подршка на Египет и Тунис. Иранските власти ги обвинија опозициските лидери за предавство.
Повик за одржување на протести на иранската опозиција во недела
Вчерашните протести на погребот на еден од загинатите на немирите во понеделникот